Вонреден состанок на Општински штаб за заштита и спасување на Општина Куманово


ЗАПИСНИК

Од одржан вонреден состанок на Општински штаб за заштита и спасување на Општина Куманово.

Состанокот се одржа на ден 10.05.2015 година, во кружна сала на поранешен Комитет со почеток  во 12:00 часот.

На состанокот покрај членовите на Општинскиот штаб присуствуваа Градоначалник на Општина Куманово Зоран Дамјановски, претседател на Совет на Општина Куманово Максим Димитриевски, Секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска, раководител на РЦУК Горан Стојановски , на ДСЗ – ПОЗС Слаѓан од Куманово, директор на Водостопанство Кумановско Липковско поле Филип Филиповски, Командирот на ТППЕ Дејан Илиевски, директор на ЈП Водовод Горан Стојковски, Иле Митковски од ООЦК Куманово, диреткори на основни и средни училишта, директори на јавни установи и претставници на медиуми.

Состанокот се одржа со следниот дневен ред:

  1. Запознавање со состојбата во врска со вооружена престрелка на територија на Општина Куманово и превземање на мерки и активности во насока на справување со истата.

За настанатата состојба информираа Секретарот на Опшина Куманово, Градоначалникот на Општина Куманово и претседателот на Совет на Општина Куманово.

По завршување на кратката расправа Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните:

ЗАКЛУЧОЦИ

  1. Се препорачува на Советот на Општина Куманово да донесе одлука за престанок на работа т.е. одвивање на настава во сите основни и средни училишта и детски градинки на територија на Општина Куманово се до нормализирање на безбедносната состојба.
  2. Врз основа на заклучоците донесени на вонредната седница на Советот Општина Куманово одржана на 09.05.2015 година се утврдуваат следните кол – центри за населението кое се повлекува од загрозените подрачја и тоа:
  • Општина Куманово 031/475-830 , 031/475-800;
  • Општински Црвен крст 031/424-179, 070/334-120;
  • ОУ 11-ти Октомври 076/407-653.

За прифатни центри – прифатилишта за сместување на населението од загрозените подрачја се определуваат:

  • ОУ Христијан Т. Карпош во населба „Перо Чичо“- Куманово,
  • ОУ Кочо Рацин Куманово,
  • ОУ 11-ти Октомври Куманово.
  1. Се препорачува на Градоначалникот на Општина Куманово, преку Советот на Општина Куманово, да обезбеди финансиски средства во износ на два милиони денари за задоволување на основни потребни средства ( храна, вода, хигиено технички средства и други потреби ) за евакуираното население.