Втора седница на Советот за развој на Североисточен плански регион

Втора седница на Советот за развој на Североисточен плански регион


Денеска се одржа втората Седница на Советот за развој на Североисточен плански регион (СИПР) .На дневен ред се следниве точки:

 

 

  1. Разгледување на предлог Годишен извештај за спроведување на програмата за развој на Североисточен плански регион (2009-2014) за 2012 година, со предлог за донесување на одлука за негово усвојување;

 

  1. Разгледување на предлог Годишен финансиски извештај за работа на Центарот за развој на Североисточен плански регион и Годишна завршна сметка за 2012 година, со предлог за донесување на одлука за усвојување;

 

  1. Донесување на одлука за поврзување на редовната трезорска жиро сметка на Центарот за развој на Североисточен плански регион со потсметка на Проектот ,,Сите деца учат заедно-Прекугранична мрежа на инклузивни училишта,,  и одлука за можност за користење на расположиви средства од редовна жиро сметка, како позајмица на посебна жиро сметка на проектот ,,Сите деца учат заедно-Прекугранична мрежа на инклузивни училишта,, со цел успешно и навремено спроведување на проектни активности на ИПА прекуграничниот проект со Р. Бугарија;

 

Донесување на заклучок на Советот за регионален развој кој треба да се достави до координативното тело за регионален развој (кабинетот на потпреседателот на Влада на Р.М. г-дин Владимир Пешевски), за поединечно изјаснување на општините во СИПР, за понатамошно финансирање на Центарот за развој на САИПР за тековно работење, со оглед на новонастанатата состојба на престанок на финансирање во висина од 1.200.000 денари од страна на Министерството за Локална Самоуорава со крајот на 2012 година