Куманово

Куманово


Куманово, градот на испреплетени култури, религии и традиции, спомени и соживот. Градот во кој ќе прошетате по Уќумат-сокаги, една од најстарите улици (сегашна ул. 11 Октомври), ќе се сретнете со многу стари занаети, ќе пробате вкусна храна, ќе чуете многу легенди. Овде песната и шегата ќе ве пречекаат на секој чекор. Градот на познатиот шегобиец Батко Ѓорѓија, за кого ќе чуете од секого по нешто. Сместено во североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, Куманово е лоцирано на самата раскрсница на двата најзначајни коридори во земјата ( Коридор 8 – Коридор 10). По број на население, Куманово е најголема општина во Македонија зафаќајќи површина од 509,48 км2. Одликите на умерено-континенталната клима преовладуваат низ сите годишни времиња. Градот на непокорот и револуцијата, Куманово денес претставува вистински мултиетнички центар.

Повелете!