Заеднички ручек на  чевларите со Градоначалникот

Заеднички ручек на чевларите со Градоначалникот


Традиционално секоја година Градоначалникот на општината Куманово , по повод Ден на чевларите организира средба на сите чевлари во градот. Оваа година заедничкиот ручек се одржа во меморијалниот центар Пелинце. На едно место се собраа поголем број на чевлари од градот за да си ги разменат своите искуства како и успесите во работата во изминатата година. Според градоначалникот Зоран Дамјановски, сите тие заеднички придонесуваат за развој на индустријата и стопанството во градот.Куманово е еден од градовите во државата, каде најповеќе е развиена чевларската индустрија, односно преработка на кожа и производство на чевли.