Започна изработка на ЛЕАП-и за општините Куманово и Старо Нагоричане во рамките на проектот за Меѓуопштинската соработка „Заедно градиме Мулти-Еко доверба„

Започна изработка на ЛЕАП-и за општините Куманово и Старо Нагоричане во рамките на проектот за Меѓуопштинската соработка „Заедно градиме Мулти-Еко доверба„


На 22 Септември 2011 во Куманово се одржа инфо ден за промоција на отпочнување на изработка на ЛЕАП-и (Локални Еколошки Акциони Планови) за Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане во рамките на проектот за Меѓуопштинската соработка помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане „Заедно градиме Мулти-Еко доверба„.Проектот „Заедно градиме Мулти-Еко Доверба„ е подготвен со техничка поддршка наУНДП, во рамките на Заедничката програма на Обединетите нации „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“. Програмата се спроведува од УНДП, УНИЦЕФ и УНЕСКО, со финансиска поддршка од Владата на Шпанија преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели (МДГ-Ф).

Со проектот „Заедно градиме Мулти-Еко Доверба„ се отпочнува Меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане според Законот за меѓуопштинска соработка од областа на заштита на животната средина.

Проектот се реализира во три фази:

  • Донесување на Одлука за меѓуопштинска соработка;
  • Изработка на ЛЕАП – и
  • Имплементирање на дел од акционите планови;

Најпрвин во Советите на Општините Куманово и Старо Нагоричане се покрена иницијатива за Меѓуопштинска соработка, се донесе Одлука за формирање на заедничко координативно тело за реализирање на меѓуопштинска соработка и се донесе Одлука за меѓуопштинска соработка од областа на заштита на животната средина помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане.

Во изработка на ЛЕАП преку работни групи ќе бидат вклучени сите заинтересирани страни од различни етнички заедници што живеат во Општина Куманово така да на еден транспарентен партиципативен пристап да се добие реален остварлив документ.