Заседаваше општинскиот шатаб за заштита и спасување


ЗАПИСНИК

Од  состанок на Општински штаб за заштита и спасување Куманово.

Состанокот се одржа во просториите на општина Куманово на 11.10.2015 со почеток во 10 часот.

На состанокот покрај членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување присуствуваа и секретарот на општина Куманово Валентина Алексовска, раководителот на подрачното одделение на РЦУК Куманово Горан Стојановски, раководителот на подрачното одделение на ДЗС Куманово Драган Димковиќ, командир на ТППЕ Деан Илиевски,  вработен од Општина Куманово, Ненад Цветковиќ .

На состанокот се разгледа следниот:

ДНЕВЕН РЕД

  • Информација за состојба на територија на Општина Куманово по врнежите во предходните денови.

За настанатата состојба информираше раководителот на РЦУК Куманово Горан Стојановски, и притоа истакна дека се поплавени следните подрачја:

  • Село Лопате излеана река Матејачка, и притоа поплавени 6-7 куќи со помошни објекти
  • Село Режановце излеана река Липковка и каналот кој оди покрај пругата во селото. Каналот е затворен одстрана на Македонски железници кои изведуваат градежни работи на пругата и притоа се поплавени 5 хектари земјоделско земјиште.
  • Расадник кај Шумско стопанство излеана река Липковка на 200 метри возводно од Шумско стопанство, поплавени 6 објекти во Расадник и 20 хектари земјоделско земјиште.
  • Населба Бедиње излеана река Липковска срушен мост во должина од 7 метри и истиот се попречил во реката при што се поплавени 6 куќи и 2 штали со добиток  кој во моментот се извлекува, како и 25 хектари земјоделско земјиште.
  • Улица Јоско Илиевски кај стадион Башкими низводно од мостот на автопатот Куманово – Табановце  во должина од 800 метри излеана е река Липковка при што е поплавена улицата кај Автобуска станица,  околу 30 куќи со помошни објекти.
  • Село Проевце поплавена 1 куќа до мостот на река Кумановка.
  • Село Доброшане излеана река Кумановка од задната страна на стадионот во должина од 600 метри при што се поплавени 15 хектари земјоделско земјиште.

Секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска информираше дека од изутрина е на терен со Ненад Цветковиќ при што се посетени сите критични точки, но во моментот поради водостојот на реките не можат да се превземат мерки. Општината до моментот максимално се ангажираше за расчистување на критичните точки но капацитетите се ограничени и Општината и понатаму ќе работи на чистење на речните корита.

По завршување на дискусиите општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните:

ЗАКЛУЧОЦИ

  • Се препорачува на Градоначалникот на Општина Куманово да побара помош од Дирекција за заштита и спасување за справување со поплавите на територијата на Општина Куманово бидејќи Општината и покрај сите превземени мерки за расчистување на критичните точки на речните корита не е во можност докрај сама да се справи со поплавите.
  • Се препорачува на Градоначалникот на Општина Куманово  да побара дополнителна количина на гориво од стоковите резерви.
  • Се препорачува на Општина Куманово да продолжи со чистење на критичните точки на речните корита веднаш по создавање на услови за тоа  и  по потреба да направи дополнителна јавна набавка за ангажирање на градежни машини.
  • Се препорачува на Градоначалникот  на Општина Куманово да ги ангажира Јавните претпријатија „Водовод“ и „Чистота и зеленило“ како и ТППЕ Куманово, со сите свои расположливи капацитети да се вклучат во санирање на настанатите штети.
  • Се препорачува на Општинската комисија за проценка на штети веднаш  да излезе на терен по повлекување на водата.