Заврши ликовната колонија "Карпино"

Заврши ликовната колонија "Карпино"


Секретарот на општина Куманово Валентина Алексовска свечено ја затвори Ликовната колонија „Карпино 2012„. На оваа десетта по ред колонија учество зедоа 17 уметници од Бугарија, Србија и Македонија. Оваа година уметниците за прв пат твореа во комплексот Грација и создадоа над 35 уметнички дела. Според организаторите дружењето на учесниците било извонредно,што создава амбиент за понатамошна соработка. Делата од ликовната колонија „Карпино 2012„ ќе бидат изложени по повод ден на градот.