Заврши проектот ”Чекор напред за подобра економија”


Со презентација на досега сработеното, денес во средното државно училиште ”Киро Бурназ”,  заврши четиригодишниот проект за образование на возрасни под мотото ”Чекор напред за подобра економија„Овој проект започна во 2010 година и беше спроведен заедно со партнерите од Норвешка – ”Норгесвел”  и ”Агриком”  од Скопје. Преку проектот ”Чекор напред за подобра економија”, во Куманово, досега се обучени стотина возрасни лица, со тенденција обуките да траат и понатаму.Овие обуки  на лица, овозможија настава во пет различни модули, и со тоа стотина возрасни лица се здобија со додатно образование и знаење во областа на земјоделието.

Изјава од Секретар на Општина Куманово Валентина Алексовска