,,Вело М” и производителот на велосипедска опрема Петар Ли во посета на Општина Куманово


Денеска Градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски ги прими претставниците од велосипедскиот клуб ,,Вело М”. Заедно со нив беше и Петар Ли, еден од најпознатите производители во светот на велосипедска опрема-кациги, од Тајван. Со Градоначалникот разговараа за спортските успеси на клубовите од Куманово, посебно за велосипедизмот. Разменија богати спортски искуства од двете земји.