Во сабота акција за чистење на речното корито на Кумановка


Општина Куманово и Кумановски Акцијаши во соработка со ЈП „Чистота и Зеленило„ Сојуз н Волонтери Акцијаши на Македонија и Акцијаши Скопје во сабота (10.06.2017г.) ќе организира акција за чистење и уредување на речното корито на реката Кумановка на потегот од „Туш Маркет„ до Митев мост.
Целтта на акцијата е поттикнување на еко свеста кај граѓаните како и директно влијание врз просторот на животната средина.
Акцијата ќе започне во 08:00 часот.Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани да се придружат и да придонесат во разубавување на градот.
Инаку оваа се први активности во рамките на проектот „Зелено Куманово„кој вклучува уредување на речните корита на реки кои поминуваат низ општината.