Градоначалникот во посета на Исламска Верска Заедница





Најпрвин благодарност до Градоначалникот, г – дин Зоран Дамјановски, за посетата и честитките за празникот Фитр Бајрам. Му се заблагодарувам на мое лично име како Муфтија на Муфтиството на ИВЗ во Куманово, во има на Институцијата, во име на сите верници од Исламска вероисповест. Истовремено, ја користам уште еднаш приликата на сите верници од Исламската вера да им го честитам празникот, но поради тоа што овој е и државен празник, им го честитам на сите граѓани, припадници на другите вери, „Се најдобро!“ Се спомна и од Градоначалникот г – дин Дамјановски, и е вистина дека ние сме имале одлична соработка во минатото и сега, и се надевам дека како Муфтиство ќе соработуваме о во иднина. Се спомна и новата зграда на Муфтиството, му се заблагодарувам за извонредниот придонес, заедно со советниците, на чело со предводникот на советниците, особено советниците Албанци, Фериз Дервиши, и сите други, Господ да ги наградува и чува сите. Фитр Бајрам за нас нека биде празник кој не соединува, без разлика на верската и етничката припадност, на крајот на краиштата живееме во една мултиетнича и мултикофесионална држава, иако се разликуваме соработката секогаш била во одлично ниво, иако туку – така имало некое недоразбирање, кога сме соединети, сите етнички заедници и припадници на различни вери, со цел да одиме напред, во интерес на граѓаните на Куманово, мислам дека работите ќе одат на добра насока. Уште еднаш, на граѓаните на Куманово и Липково, но поради тоа што Муфтиството во Куманово ја покрива и Кратово и Крива Паланка, и од сите делови под нејзино покровителство, им посакувам успех на муслиманите и на сите граѓани во целина. Работите да ни одат кон подобро, Господ да не чува и да не благослови.