Градоначалникот Дамјановски во работна посета на Солун


Градоначалникот Зоран Дамјановски, заедно со претставници од секторот за Меѓународна соработка и ЕУ-Интеграции, присуствуваше на првото генерално собрание на Европската Групација за Територијална Соработка (EGTC). Групацијата има за цел унапредување на регионалната и преку-граничната соработка и зајакнување на економските капацитети на членовите. Дамјановски оствари контакт со Градоначалникот на Солун – Јанис Бутарис, како и со градоначалници на повеќе општини од северна Грција.