Дамјановски и Дураку потпишаа меморандум за соработка


Градоначалниците на Североисточниот плански регион денеска со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку потпишаа меморандум за соработка за спроведување на проекти за воспоставување на регионален, интегриран систем за справување со отпад во североисточниот плански регион.
Проектите опфаќаат набвака на опрема за транспорт на отпад во североисточниот регион, затворање на непрописните диви депонии, и изградба на централна депонија во источниот и североисточниот регион.

Проектот ќе се реализира во три фази, а потпишувањето на меморандумот е пристапување кон самиот договор.
Ние сме пред потпишување на договор, меѓутоа заклучивме заедно со министерот дека втората и третата фаза од имплементација на самиот договор е дел кој треба да добиеме согласност од нашите Совети за потпишување за тој договор како договор за понатамошна меѓуопштинска соработка. Бидејќи тој договорот и изградба на системите во наредниот период носат некои процеси кои ќе значат и финансиска потреба за зголемување на цената на сметот во наредните неколку години, за изградба на претоварни станици на некои локации кои исто така треба да ги лоцираме и да ги одобриме. Затоа направивме меморандум до потпишување на договор со цел да добиеме согласност од советите на општините и во дебата со невладините организации и месните заедници да ја образложиме потребата од потпишување на овој договор и изградба на регионалниот систем за управување со цврст отпад кој мора да биде постигнат и изграден – изјави Зоран Дамјановски, граодначалник на Општина Куманово.
Активностите ќе придонесат за подобрување на стандардите со управување со отпадот во североисточниот регион, решавање на проблемите со несоодветното одлагање на отапдот на општинските и основните диви депонии кои треба итно да се затворат или технички да се надградат до стандардите утврдени со закон.

Со проектот ќе бидат донирани и контејнери и возила со кои ќе може да се собира отпадот на начин кој ги задоволува стандардите за заштита на животната средина и пред се здравјето на луѓето.
Проектот ќе чини триесетина милиони евра.