Деветта седница на Совет на Општина Куманово на 10 мај 2022 година
На 10 мај 2022 година (вторник), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи деветтата седница на Советот на Општина Куманово по следниот
Дневен ред
1. Информација за преземени мерки и активности во текот на 2021година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
2. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2022 година;
3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
4. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
5. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2022 – 31.03.2022 година;
6. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;
7. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2022 – 31.03.2022 година;
8. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2022 – 31.03.2022 година;
9. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2022 година;
10. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2022 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
11. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на подвижниствари – основни средства (возила) кои треба да бидат предмет напродажба по пат на јавно наддавање;
12. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на подвижна ствар која треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
13. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на дополнителни услуги кои ги врши Одделението за собирање и транспортирање на отпад при ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
14. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на цени на влезници за користење на Затворен градски базен во Куманово;
15. Предлог – Одлука за утврдување на цени на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад во Општина Куманово;
16. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година;
17. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2022 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;
18. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;
19. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2022 година;
20. Предлог – Одлука за ставање вон сила на Одлуката за отстапување на користење, управување и одржување на Спортско рекреативниот центар „КЕЈ“ во Куманово;
21. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Водовод“ – Куманово;
22. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
23. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
24. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 1.1, 1.2, 1.3, 1.4, 1.5 и 1.6 од Урбанистички план вон населено место за изградба на викенд населба со угостителски, хотелски и рекреативен комплекс, м.в. Црвенки, КО Куманово, Општина Куманово;
25. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година.