Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Димитриевски додели сертификати на претставници од стручните служби и наставници од општинските училишта

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Во Куманово се одржаа 4 дводневни обуки, наменети за стручните служби во училиштата на тема “Препознавање, превенирање и справување со насилното и агресивно однесување и екстремизам меѓу учениците во основните и средните училишта на територија на општина Куманово”. Овие обуки беа реализирани од Мрежата на силни градови и Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики-ЕУ за тебе-Скопје, со поддршка на општина Куманово. На обуката присуствуваа претставници од Секторот за образование при општина Куманово и вработени во стручните служби од општинските основни и средни училишта. Согласно обуките, денеска Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски на претставници од стручните служби и наставници од основните и средните училишта во општина Куманово им додели сертификати за успешно завршената обука. Покрај Димитриевски, на настанот се обратија и координаторот на Мрежа на силни градови за Балкан и Централна Азија, Симеон Дукиќ и претставник од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики-ЕУ за тебе-Скопје, проф. д-р Елизабета Томевска Илиевска.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст