Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан дваесет и втори состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 06.04.2020 година (понеделник)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Бараме од Влада на Република Северна Македонија за потребите на Угрентен Центар да обезбеди дополнително возило за транспорт на пациенти.

 

  • Бараме Влада на Република Северна Македонија да обезбеди специјално возило (цистерна) со распрскувачи за вршење на дезинфекција на јавните површини на територија на Општина Куманово, бидејќи капацитетите со кои располага ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово не се доволни за секојдневна и целосна дезинфекција на градот.

 

  • Бараме Влада на Република Северна Македонија да донесе одлука за средства кои се исплаќаат во вид на социјална помош и пензии да бидат исплаќани преку ЈП „Македонски пошти“ и други субјекти кои имаат можност за таков сервис дирекно до граѓаните како би се надминал постојаниот метеж пред банките и другите услужни установи кои вршат шалтерска исплата и услуга, бидејќи при вакви услуги евидентно не се почитуваат препораките на Владата од страна на граѓаните.

 

  • Бараме од Фондот за здраствено осигурување да ни доставите на маил (gradonacalnik@kumanovo.gov.mk) листа на приватни општи и/или специјалистички ординации ( име на ординација-област, име и презиме и контакт на лекари од општа пракса, доктори специјалисти, медицински и технички персонал) за потребите на ОШЗС.

 

  • Се задолжува Општина Куманово да формира редарска служба од сопствени вработени кои ќе вршат редарска контрола на најпрометни места во градот, а ќе бидат во постојана соработка со СВР Куманово а по потреба и асистенција. Лицата треба да бидат видно обележани и ќе добијат насоки од ОШЗС за начинот како ќе ја извршуваат нивната работа.

 

 

 

  • Бараме од кризниот штаб при Влада на Република Северна Македонија да задолжи лице од Министерство за труд и социјална политика, кое дирекно ќе се вклучи во работата на ОШЗС, поради тоа што подолг временски период Центар за социјални работи Куманово не учествува во работата на ОШЗС.

 

  • Општина Куманово воведе уште една телефонска линија 075 323 569, каде социјално најзагрозените семејства ќе можат да се пријавуваат за пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена и дезинфекција.

 

 

  • Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации (информации за дежурни аптеки, дежурни маркети, начин на спроведување на услуги на институциите во градот, мерките и препораки донесени од Влада на Република Северна Македонија и од Општинскиот штаб за заштита и спасување)

 

  • Општина Куманово воведе услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани. Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 71 94 94 , по што од страна на лице од општината и Црвен Крст ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците.

Апелираме бројот 192 да се користи од страна на граѓаните само за повици кои се во делот на работење на полицијата. Сите други информации граѓаните ќе можат да ги добијат на бројот на Општинскиот штаб за Заштита и спасување – 078 365 061.

Врати се на врвот
Големина на фонт