Интензивно се работи на патната инфраструктура
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Општина Куманово интензивно работи на патна инфраструктура. Се врши реконструкција и асвалтирање на крак на улицата „Димитар Влахов„ кај Стара Црква,се постави тампон на патот од фабриката циглана до надвозникот на автопатот во должина од 300м.Во село Умин Дол се асфалтира патната инфраструктура, а во село Романовце се врши изгрдба и реконструкција на улиците. Исто така отпочнавме со асфалтирање и на локален пат во Агино Село.