Одбележан Денот на победата над фашизмот
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Меѓународниот Ден на победата над фашизмот 9-ти Mај, денеска беше одбележан во Куманово. Пред споменикот Жена Борец свежо цвеќе полагаа Градоначалникот Максим Димитриевски, Претседателот на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, претставници на советот, борците, политичките партии, јавните претпријатија, училиштата, невладините организации и граѓаните. Во чест на Денот на победата над фашизмот, пред присутните се обрати Градоначалникот Димитриевски.