Одржана дискусија на тема “Унапредување на заштитата од дискриминација на локално ниво во Општина Куманово“


Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА, во соработка со Општина Куманово денеска организираа панел дискусија за Унапредување на заштитата од дискриминација на локално ниво во Општина Куманово. Со таа цел беше промовиран видео спот од кампањата против дискриминација и беше формирано локално координативно тело за заштита од дискриминација.