Одржана конференција на тема „Намалување на стигматизација во услови на мигрантска криза“
Оваа објава е достапна и на:
Albanian
Општина Куманово под покровителство на програмата Европа за Граѓани, во рамки на проектот „URGENT“, денеска беше домаќин на конференцијата на тема „Намалување на стигматизација во услови на мигрантска криза“. Во дебатата учество зедоа Градоначалникот Максим Димитриевски, претставници од Општина Куманово и Европското движење на Македонија, претставници на Црвен Крст Скопје и Центарот за управување со кризи и невладиниот сектор.