Одржана панел-дискусија на тема “Прогрес без развој-Македонија и регионите низ перспективата на европската политика за рамномерен развој“


Општина Куманово и Европското движење на Република Македдонија од Куманово, денеска организираа трибина на тема “Прогрес без развој-Македонија и регионите низ перспективата на европската политика за рамномерен развој“. На настанот учество земаа Градоначалникот Зоран Дамјановски, претседателот на Европското движење во Македонија проф. д-р Милева Ѓуровска, заменик претседателот на владата на Р.М. Арбр Адеми, делегација од Европската Унија во Република Македонија, претставници од Министерството за надворешни работи како и претставници од Амбасадата на Република Полска.