Отворена ликовна колонија „Куманово2017„


Денеска во меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце, Градоначалникот Дамјановски ja отвори ликовната колонија “Куманово 2017“.
На оваа четириесет и трета ликовна колонија учествуваат осумнаесет уметници од Македонија, Франција, Романија, Србија и претставници од збратимениот град Чорлу од Турција.
Уметниците ќе работат во класични техники и ликовно изразување – главно сликарсво и скулптура. Освен што ќе ги изработуваат своите дела, ќе имаат можност да ја посетат мегалитската опсерваторија Кокино, како и други содржини во градот.
Колонијата ја организира Општина Куманово и НУ Музеј Куманово, а ќе трае до дваесет и вртори август, кога и ќе биде свеченото затварање.