Посета на претставници од Општина Кумананово на Бијељина


Делегација од Општина Куманово предводена од секретарот Валентина Алексовска беше во посета на збратимениот град Бијељина. Целтта на посетата е славата на градот „Свети Пантелејнон„ кој традиционално со посебени свечености се одбележува секоја година. По тој повод се одржа прием на делегации кај градоначалникот, акдемија со културно –уметничка програма, концерт на градскиот плоштад и утринска литургија. Свое обраќање имаше Секретарот на Општината кој на сите граѓани им ја честита славата и им посака уште многу години плодна соработката меѓу двата града на секое поле од општествениот живот.