Проект за промоција на родово одговорни политики и буџети во Југо-источна Европа


Денеска Градоначалникот Дамјановски оствари средба со UN-Woman – тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените за започнување на третата фаза од регионалниот проект за промоција на родово одговорни политики и буџети во Југо-источна Европа. Проектот треба да се реализира во период 2017-2018 год. со финансиска поддршка од Австриска развојна агенција и Швајцарска агенција за развој и соработка. Главна цел на проектот е да се придонесе кон имплементација на националните обврски за остварување на родовота еднаквост и истиот претставуа продолжение на досегашните напори и постигнувања во насока на интегрирање на родовота перспектива во креирањето на политиките и буџетите.