Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се одбележа 15 март- Национален ден на унгарскиот народ

По повод 15 март, Национален ден на унгарскиот народ, кој пред 174
години ги постави темелите на модерна Унгарија, Општина Куманово
преку Секторот за култура, спорт, социјална заштита и заштита на децата
одржа културен настан. Во знак на почитување и продолжување на
соработката на Општина Куманово и Р Унгарија, се одбележа овој значаен
датум за унгарскиот народ, преку презентирање на културната и
историската традиција на Унгарците и дегустација на традиционалната
унгарска кујна, со цел заемно запознавање на културните вредности, како
важен придонес во зближувањето на нашите народи. На одбележувањето
свои обраќања имаа градоначалникот на Општина Куманово Максим
Димитриевски и амбасадорот на Р Унгарија во РСМ, Ласло Иштван Дукс.
Со должна почит кон унгарскиот народ, градоначалникот ги истакна
пријателските односи со Р Унгарија, со цел поврзување на културата и
богатството на нашите народи, како и успешната соработка, која ќе
отвори можности за нови проекти во повеќе општествени области,
проширувајќи ги видиците и потребите на нашите народи.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст