Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СООПШТЕНИЕ

Почитувани граѓани,

Согласно одобрението за пренасочување на сообраќај со број 11-уп17/4  од 01.03.2022 година, издадено од Министерството за транспорт и врски  на Република Северна Македонија, Ве известуваме дека поради изведување  на санациони работи од ден 07.03.2022 година (во наредните 6 месеци) мостот на река  Кумановка на Р1204 делница Куманово – Свети Николе, ќе биде затворен за сообраќај. Воедно Ве известуваме дека сообраќајот за тешки товарни возила ќе се  одвива по одобрена сообраќајна проектна документација од Министерство  за транспорт и врски.Градежните активности опфаќаат санација на столбовите, менување на  лежиштата, санација на челичната конструкција, санација на отворената  дупка на коловозот, бетонирање на нова коловозна плоча, нови  хидроизолација, дилатации, еластична одбојна ограда и  тротоари.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст