Трет третман на ларвицидна дезинсекција во Куманово
На 16.05.2022 година (понеделник) на територијата на Општина Куманово ќе се спроведе трет третман на ларвицидна дезинсекција, која има за цел уништување на ларвите на комарците. Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува до наредниот поволен ден.