Форум „Европски перспективи за локалната самоуправа“


Меѓународната организација посветена на промовирање на доброто владеење и граѓанското учество на локално ниво, Европска асоцијација за локална демократија (АЛДА), од 29-31.03.2017 година во Хотел Епинал, Битола, организра Форум „Европски перспективи за локалната самоуправа“ .

Целта на овој форум беше да се дискутира за процесот на европска интеграција на Република Македонија и користење на европските фондови, со посебен фокус на улогата на локалната самоуправа. Овој тридневен настан се состоеше од неколку обуки и информативни сесии, работилници и дебати. Форумот беше организиран во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија, која е координирана од страна на АЛДА (Европската асоцијација за локална демократија) во соработка со Министерството за локална самоуправа и Секретаријатот за европски прашања. Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

Официјално Форумот го отвори Г-ѓа Ширет Елези, Министерка за локална самоуправа. Свое излагање на форумот имаа Х.Е. г. Кристиан Тимоние, амбасадор на Франција, Г-ѓа Ана Блажеска, Државен секретар на Секретаријатот за европски прашања на Македонија, Г-ѓа Билјана Цветановска – Гугоска Државен секретар на Министерството за локална самоуправа на Македонија, Г-дин. Илмиасан Даути, Специјалист за општинска соработка и претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Претставник на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Претставник од Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа, Претставник на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Г-дин.Горан Митевски, раководител на сектор за меѓународна соработка и ЕУ-интеграции во Општина Куманово и др претставници од локалната самоуправа и Центрите за развој на планските региони.

На пленарната сесија Европа за граѓаните 2014/2020 свое излагање имаше претставник од општина Куманово Горан Митевски раководител на Сектор за ЕУ интеграции, кој ги Презентира можностите и бенифициите за локалните самоуправи во рамките на програмата Европа за граѓаните Презентација на добри практики од Македонија.
Со свое присуство форумот го подджаа претставниците на Центарот за развој на СИПР и претставници на Oпштина Куманово.