Шеесет и осма седница на Советот на Општината Куманово


На 03 јули 2017 година (понеделник), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се оддржи 68-та седница на Советот на Општина Куманово

Дневен ред

• Усвојување на записникот од Шеесет и седмата седница на Советот на Општина Куманово

1. Предлог – Програма за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во Општина Куманово за 2017 година;
2. Финансиски Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2017 година;
3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
4. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
5. Предлог – Решение за давање согласност на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово да може да има поголем број на деца во воспитните групи;
6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 12140/1, м.в. Банево Трло, КО Куманово – Општина Куманово;
7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1380 и КП 1381 м.в. Под Село, КО Сопот – Општина Куманово;
8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2193 и КП 2194/2, м.в. Долна Река, КО Шупли Камен – Општина Куманово;
9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП-ЗП (зелени површини) во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ Перо Чичо, дел од УБ 20 за КП 12567/1, КО Куманово – Општина Куманово