Шеесет и седмата седница на Советот на Општината Куманово


На 19 јуни 2017 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот ќе се одржи шеесет и седмата седница на Советот на Општина Куманово.

Дневен ред

• Усвојување на записникот од Шеесет и шестата седница на Советот на Општина Куманово

1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2017 година;
2. Буџетски календар;
3. Годишен извештај за движење на заразни заболувања за 2016 година на подрачје на Општина Куманово;
4. Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на дел од објектот Затворен градски базен со пратечки содржини – Куманово;
5. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2017 – 31.03.2017 година;
6. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2017 година;
7. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување цена на влезници за користење на Отворен градски базен во Куманово;
8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката со која се врши измена на Одлуката со која се определува цена на погребни услуги што ги врши ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово.