Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Благодарност до Општина Куманово од тимот на Детски фестивал на албански јазик “Пеперутка”

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска се сретна со Илир Љатифи, професор по музичко образование, директор на Детскиот фестивал на албански јазик “Пеперутка”. На средбата му беше врачена благодарница и плакета на Димитриевски, во знак на благодарност за несебичната поддршка на Општина Куманово во успешната организација и оддржување на овој традиционален фестивал, кој се одржа по 14-ти пат. Градоначалникот потенцираше дека Општината ќе продолжи со поддршка на традиционалните културни настани, кои се олицетворение на нашата богата традиција и култура.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст