Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Велигден, ист на различен начин”

Пригоден настан во духот на големиот Христијански празник Велигден, се одржа денеска во Занаетчиски дом, во организација на Здружение за развој на земјоделство и заштита на животната средина – Живот, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт – Куманово.
Од изложената поставка беа изберени најубава декорирана велигденска кошница и јајце, се одржа турнир на кршење на велигденски јајца, а празничната атмосфера беше проткаена со културно – уметничка програма.
Пред публиката се обратија градоначалникот на Општина Куманово и рускиот амбасадор кој присуствуваше со претставници на Амбасадата на Русија во РСМ, претседателката на Советот на Општина Куманово и градоначалници од неколку општини во земјава.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст