Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Волонтерска акција на пошумување на Спомен костурница

По иницијатива на претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, а по повод 5 декември- Светски ден на волонтерството, денеска на Спомен костурница се одржа волонтерска акција на пошумување, во соработка со ЈП “Чистота и зеленило”-Куманово. Во денешната масовна акција учествуваа наставници и ученици од општинските средни училишта, кои ја имаат посетено обуката за волонтери. На овој локалитет ќе бидат засадени околу 3.000 садници бел бор, со цел да се подигне јавната свест за зачувување на здрава животна околина.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст