Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во тек се активностите за реконструкција на улици и изградба на тротоари

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Деновиве Општина Куманово реализира активности согласно програмата за уредување на градежно земјиште на повеќе локации во градот. Се врши реконструкција на дел од ул. „Поток Серава“ со бекатон плочи со вкупна површина од 182 m2 . Се работи на поставување на бекатон плочи на ул. „25 Фефруари“ (кај Црквата СВ.Никола) во должина од 60 m, при што поради малата ширина на улицата која изнесува 2,5 m, активностите на истата се изведуваат рачно. Во тек е и изградбата на тротоари по должина од левата страна на ул. „Драган Стопаревиќ“, започнувајќи од раскрсницата со бул. „Трета МУБ“.

Воедно, на градскиот плоштад продолжува зафатот за реконструкција на фонтаната кај споменикот на Батко Ѓорѓија, како дел од предвидените активности за уредување на јавните површини.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст