Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Втор Меморијален меѓународен боксерски турнир “Мирослав Петровиќ”

Вечерва на отвореното реконструирано спортско игралиште во Соколана се одржа 2-от Меморијален меѓународен боксерски турнир “Мирослав Петровиќ”. Организацијата на турнирот е на Боксерскиот клуб “Куманово 84”, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Боксерската федерација на РСМ. Куманово е домаќин на боксерски клубови од сите поранешни југословенски републики, како и од Бугарија, а беше одржан 21 боксерски меч во различни категории. Беа присутни врвни боксерски имиња од поранешни југословенски простори и претставници на Боксерската федерација на РСМ. Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски го отвори овој турнир, истакнувајќи дека ова е вистински начин да му оддадеме почит на тренерот Петровиќ, од причина што тој е заслужен за бројните изградени боксерски генерации и врвни боксери од профилот на Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Јакуповски и др., кои се носители на меѓународни признанија и олимписки медали. По завршување на натпреварувачкиот дел, на најдобрите боксери им беа доделени награди и признанија.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст