Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски на средба со македонски професионални фризери

Денеска во посета на Општина Куманово, на средба со градоначалникот Максим Димитриевски, беа професионалните фризери Арбнор Шабани и Сашо Анчевски, кои на последниот Интернационален куп во Драч- Албанија, а во организација на “Global Fashion Progress 2022”, добија вредни признанија за својата посветена работа. Шабани на овој интернационален натпревар беше прогласен за најдобар во категоријата „Woman hair cut free style“, а Анчевски во категоријата „Hair tattoо“.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст