Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски со препораки и заклучоци од Општинскиот штаб за заштита и спасување

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Согласно одржаниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Градоначалникот на Општина Куманово денеска одржа прес конференција, на која ги претстави препораките и заклучоците од денешниот работен состанок на Штабот.  Потенцираше дека во целост треба да се почитуваат донесените препораки и заклучоци, а и им се заблагодари на граѓаните за покажаната дисциплина и јавна свест во даденава ситуација.

Препораки и заклучоци

од одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување на ден 16.03.2020 год.

  • Општина Куманово веќе воведе услуга за асистенција на болни и немоќни граѓани. Овие категории на лица ќе може да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 719 494, по што од страна на лица од општината ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови а за кои граѓаните сами ќе си ги покријат трошоците.
  • За асистенција на болни и изнемоштени граѓани, на располагање за услуги стои и Меѓуопштински центар за социјална работа. Нивниот дежурен телефон за контакт е 031 438 160.
  • Се препорачува на сите Јавни и Приватни здравствени установи, да дадат приоритет на лицата кои се задолжени или волонтираат за помош и асистенција на болни и немоќни граѓани.
  • Се препорачува на повозрасните граѓани да во случај на потреба за добивање на извештаи од специјалист и инсулин, да не мора лично да одат туку може да пратат друго лице да ги подигне истите, во нивно име. Исто така, лицата кои треба да се јават на редовна контрола а се во стабилна состојба, може истата да ја одложат.
  • Се дава препорака на вршителите на јавен градски превоз, како и сите такси компании, да се вршат континуирана дезинфекција на своите возила.
  • Се задолжува ЈП Чистота и зеленило да продолжи со дезинфекција на јавни површини и за истово да го вклучи и ТППЕ Куманово.
  • Се задолжува Општина Куманово да обезбеди 30 соодветни рачни пумпи за вршење на дезинфекција.
  • Се препорачува на сите јавни институции, пред влезовите на своите објекти, да обезбедат средства за подна дезинфекција на обувки, во форма на обложени сунѓери или сл.
  • Се препорачува на управителите на станбените згради, во координација со Центар за Јавно Здравје Куманово, да започнат со дезинфекција на заедничките простории и лифтови на сите станбени згради на територија на Општина Куманово. За истово, ќе бидат информирани преку Сектор за инспекциски надзор при Општина Куманово.
  • Општина Куманово, преку Секторот за образование и Центар за Јавно Здравје Куманово, отпочна со вонредна дезинфекција на објекти на сите основни и средни училишта и истата ќе биде завршена до средина на оваа недела. Исто така, на сите објектите на Градинката „Ангел Шајче“ веќе се направени и редовна и вонредна дезинфекција. Сите објекти од градинките, основните и средите училишта, по дезинфицирање, ќе бидат затворени за неовластени лица.
  • Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Комисијата за заразни болеси при Министерство за здравсвство и Влада на Република Северна Македонија а повеќе информации во врска со вирусот можат да се најдат на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија: http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст