Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Дератизација во Куманово

На 31.03.2021 година (среда), 01.04.2021 година (четврток) и 02.04.2021 година (петок) ќе се врши дератизација (третман против глодари) на територијата на општина Куманово. Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферска вода. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период, поради неповолните временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст