Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Димитриевски во посета на Општина Пустец на одбележување на 30-годишнина од излегувањето на првиот македонски весник во Албанија – ПРЕСПА

На покана на Заедницата на Македонци во Албанија и редакцијата на весникот “Преспа”, заедно со македонското друштво “Сонце”, Градоначалникот Димитриевски присуствуваше и се обрати на свеченото одбележување на 30-годишнина од излегувањето на првиот македонски весник во Албанија – ПРЕСПА, како и во обиколка на музејот СТЕРЈО СПАССЕ во село Глобочени.

Во рамки на посетата Градоначалникот Димитриевски оствари и протоколарна средба со градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, со кој разговараа за повеќе можности за соработка.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст