Димитриевски на средба со гости од Турција по повод “Балкан Фест”- Куманово 2022
Градоначалникот на Општина Куманово со претставници од општинската администрација и КУД “Бајрам Шабани”- Куманово, денеска се сретна со советници и претставници на невладини организации од градовите Текирдак и Бурса од Турција, во рамките на дводневната манифестација “Балкан Фест”- Куманово 2022. Главен организатор и домаќин на фестивалот е КУД “Бајрам Шабани” – Куманово со поддршка од Општината и Министерството за култура. На сцената на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” ќе настапат културно- уметнички ансамбли од повеќе земји од регионот:
– “Соко” – Србија
– “Ѓурѓевданско коло” – Црна Гора
– “Лилјан”- Босна и Херцеговина,
– “Kastriotet”, ” Agimi”, “Gjilani” – Косово,
– Mati и Народен ансамбал за песни и игри од Албанија,
– “Pasa Halk Danslari Toplulugu” -Турција,
– Џељадин Зеќири – Македонија.