Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Донација од СЕЕБРИГ за општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска оствари средба со највисоките претставници на сите земји членки на СЕЕБРИГ: Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Турција и РСМ. На денешната средба командантот на бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), бригадниот генерал Евангелос Митруцикос ја врачи донацијата, видео бим наменет за потребите на Општината. Оваа донација претставува плод на досегашната соработка, која достигна завидно ниво преку реален дијалог и активности, со цел имплементирање на проекти во сите општествени области.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст