Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Донација од GGP програмата за мали проекти и човекова безбедност на Јапонската амбасада во РСМ

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада и директорот на Општа болница Куманово, д-р Снежана Захариева. Целта на денешната средба беше донацијата од GGP програмата за  мали проекти и човекова безбедност на Јапонската амбасада во РСМ – ултразвучен ЕХО апарат за Интерно одделение во Општа болница. Градоначалникот Димитриевски упати благодарност до амбасадорот на Јапонија за овој современ и неопходен апарат, кој ќе донесе подобрување на услугите, а воедно и унапредување на здравствените услови, овозможувајќи им на граѓаните слободно користење на апаратите, кои се на располагање. Димитриевски потенцираше дека од 2002 година до 2022 година јапонската амбасада успешно спроведе бројни проекти во областите на: инфраструктура, образование, здравство, кои се мошне значајни за Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст