Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Еколошка активност под мотото “Заедно за почист и поубав град” во СОУ-Гимназија “Гоце Делчев”

По повод 21 март, Ден на екологијата денеска претставници од Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата при општина Куманово поделија едукативни флаери и материјали за заштита и зачувување на животната средина во СОУ Гимназија “Гоце Делчев”. Под мотото “Заедно за почист и поубав град” успешно беше спроведена уште една активност во рамки на еколошката кампања “Куманово мој зелен дом” на општина Куманово, која ќе се одвива во текот на целата година, опфаќајќи бројни еколошки акции. Активноста се спроведува согласно со Програмата од областа на активности за заштита на животната средина на овој Сектор, со цел подигање на колективната свеста за зачувување на животната околина, каде што се опфатени сите категории и возрасти на граѓани.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст