Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна 22-та манифестација „Денови на мед“

 

Денеска на градскиот плоштад во нашиот град започна 22-та манифестација „Денови на мед“. И оваа година организацијата е од страна на Пчеларското здружение „Пчела”- Куманово, традиционално со поддршка од Општина Куманово. На манифестацијата учество зедоа пчелари од Куманово и Сурдулица, Р Србија, кои ги изложија своите пчелни производи. Од страна на Здружението беа доделени еден златен медал и дипломи на осум пчелари, кои бележат 40-годишно и 50-годишно членство во ова Здружение. Настанот го отвори претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, а присуствуваа и претставници на општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст