Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Затворање на ликовна колонија “Куманово 2021” во Меморијалниот комплекс Пелинце

Денеска во Меморијалниот комплекс Пелинце се одржа затворање на ликовната колонија “Куманово 2021” којшто траеше изминатите 7 дена, а се одржува традиционално од 1974 година и е една од најстарите ликовни колонии во државата.

Оваа година учество земаа 10 академски сликари од нашата земја и гости од Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина. Дел од колонијата беа и 5 други учесници кои твореа во домашни услови во нивните ателјеа, со цел запазување на мерките и протоколите за заштита од Ковид -19.

На оваа колонија која е под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за Култура, преку НУ Музеј Куманово, а во реализација на Фондација за култура и спорт Куманово уметниците создадоа 30 уметнички дела во техники масло на платно и акрилна техника, кои беа изложени за посетителите на настанот.

Градоначалникот Димитриевски ги посети уметниците во Меморијалниот комплекс Пелинце каде имаше можност да ги разгледа делата кои беа плод на оваа ликовна колонија и им честиташе за успешно реализираните активности.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст