Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Здружението на ветерани на ФК Куманово доби нови членови

 

Денеска во зградата на поранешни општествено-политички организации Здружението на ветерани на ФК Куманово одржа спортски собир, на кој беа доделени членски книшки на нови членови и дресови со лого на Здружението. Во насока на започнатите активности на ветераните на овој спортски клуб, со цел возобновување на фудбалот во Куманово и проширување на членството, беа присутни членови на претседателство на Здружението, како и Цуки Марковиќ, поранешен фудбалер на ФК Куманово, кој активно играше во втората сојузна лига во поранешна Југославија. Во интерес на популаризација на фудбалот кај сите генерации, видлива е огромната мотивираност и елан кај ветераните, кои се пример за помладите генерации фудбалери. Овој спортски собир е поддржан од страна на Општинскиот сојуз на спортови.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст