Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан деветнаесетти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 03.04.2020 година (петок)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

– Бараме од Влада на Република Северна Македонија целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот и засилени поригорозни мерки за ограничувања.

– Бараме од МВР да врши постојан увид и контрола во состојба и почитување на мерката за собирање на групи и движење на граѓаните не повеќе од пет како и запазување минимално растојание од 2 метри на следните локации: КЕЈ, Градски парк, Плоштад, Соколана и Парк кај градски базен.

– Препорака до граѓаните да ги почитуваат само мерките донесени од Влада на Република Северна Македонија и од Министерство за здраство а не од непроверени извори.

– Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата на локација Средорек (ул.„Доне Божинов„) и украден е уред за прскање на локација помеѓу улиците „Биљановска„ и „Народна револуција„.

Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини.Исто така информираме дека средствата што се користат на пунктовите за дезинфекција на возилата не се штетни ниту за луѓето, ниту за самите автомобили.

– Бараме од граѓаните да ги отстранат, непрописно паркираните возила на јавно променти површини (тротоари и улици), за да може непречено да се врши дезинфекција на отворено. Во спротивно, не превземаме одговорност за евентуално оштетување на приватен имот.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст