Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан триесет и трети состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 18.04.2020 година (сабота)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

ЗАКЛУЧОЦИ

Од одржан триесет и трети состанок  (по пат на конференциска врска) на Општински штаб за заштита и спасување одржан на 18.04.2020 година (сабота).
На одржаниот состанок на ОШЗС во врска со превземање на мерки и активности од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), беа донесени следните мерки, препораки и заклучоци:

1. ОШЗС – Куманово одоговори позитивно на барањето на Општина Липково за помош, во спроведување на дезинфекција на територија на Општина Липково, и препорача на ЈП “Чистота и зеленило” Куманово да организира дезинфекција со атомизери во соработка со ОШЗС Липково, дезинфекција на јавните прометни површини на територија од општина Липково согласно нивен план а во динамика со ваши можности.

ЈП Чистота и Зеленило Куманово дополнително да предаде на времено користење дел од опремата за дезинфекција и запрашување (5 моторни пумпи за дезинфекција) на времено користење на ОШЗС Липково и да изврши обука на тимовите за ракување со опремата и постапката за дезинфекција.

– Штабот стои на располагање на општина Липково и останатите општини во регионот за соработка и споделување на взаемната помош во борба против епидемијата со Ковид 19.

• Се задолжува ЈП „Чистота и зеленило“ да ја реорганизира својата активност по заклучоците на штабот, да продолжи со непречена дезинфекција на територија на Општина Куманово и непречено вршење на нејзината основна функција, износ на комунален отпад.

НАПОМЕНА:

– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст