Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ oд одржан седми состанок на Општински штаб за заштита и спасување

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Се задолжува ЈП ,,Пазаришта,, Куманово да го затвори второто и третото ниво на градскиот пазар каде што се продаваат непрехрамбени производи и сите слободни човечки ресурси да се стават на располагање на ЈП ,,Чистота и зеленило,, за вршење на дополнителни работни задачи во функција на дезинфекција на јавно прометни површини и простории во градот.
  • Се задолжува ЈП ,,Куманово паркинг,, да престане со наплата на услугата  за паркирање во прва и втора зона на сите паркинг места со кои стопанисува и слободните човечки капацитети да ги стави на располагање на ЈП ,,Чистота и зеленило,, во функција на дезинфекција на јавно прометни површини.
  • Се задолжува ЈП ,,Водовод,, Куманово сите расположиви човечки ресурси кои нема да ја нарушат непреченоста на работата на јавното претпријатие  да се стават во функција на располагање на ЈП ,,Чистота и зеленило,,.
  • Се задолжува ЈП ,,Чистота и зеленило,, да ги дополни и зголеми тимовите кои извршуваат дезинфекција и одржување на јавно прометни површини.
  • Бараме од Владата на Република Северна Македонија да се воведе посебен контролен режим за влез и излез во градот, со контролни пунктови и ставање на градот во кризна состојба како би можело да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и би се спречило несакано ширење на епидемија вон и кон градот. Исто така бараме од Владата да го зголеми траењето на полицискиот час во Општина Куманово и истиот да биде во времетраење од 18.00 до 06. 00 часот.
  • Барам до сите надлежни државни и локални институции кои што учествуваат во работата на Општинскиот штаб за заштита и спасување да доставуваат редовни и навремени информации до штабот за состојбата, опременоста, капацитетот и ресурсите со кои располагаат.
  • Се задолжува Општина Куманово да воведе дежурен телефон 24 часа на кој граѓаните ќе можат да пријават случај на евентуални симптоми кои даваат индиции за постоење на евентуална инфекција на корона вирус и тоа: случај на покачена телесна температура, отежнато дишење, интензивно кашлање и други симптоми објавени во препораките на Министерство за здравство а потоа Општина Куманово ќе координира со здравствените установи.
  • Центарот за јавно здравје – Куманово да доставува редовни информации за состојбата со тестирани лица на COVID 19 од Општина Куманово и извештај на дневна основа на лица кои се ставени во самоизолација.
  • Црвениот крст – Куманово и Општина Куманово понатаму активно да продолжат во асистирање на болни и изнемоштени лица.
  • Сите локални ресурси да бидат ставени на располагање за превенција и спречување на ширење на вирусот.
  • Општина Куманово ќе побара до СВР Куманово да достави листа на лица кои се во домашна изолација, за може да изврши превентивна легална дезинфекција на реоните во градот каде што живеат овие лица.

Општина Куманово

                   Градоначалник,

Максим Димитриевски

 

                                                           

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст