Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Иницијатива за намалување на престапни дела кај малолетни лица

Во присуство на претседателката на Советот на Општина Куманово и раководителот на Секторот за образование при Општината, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу нашата општина и Здружението за асиситивна технологија “Отворете ги прозорците” – Скопје.
Меморандумот за соработка е во рамки на проектот “Инклузија на деца со посебни образовни потреби”, поддржан од Детската фондација Песталоци.
Носител на проектот е Општината, a опфатени се ООУ “Христијан Тодоровски Карпош”, ООУ “Наим Фрашери” и ООУ “Браќа Миладиновци”, кое е центар за поддршка на инклузивно образование.
Потпишаниот Меморандум за соработка е со важност до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување.
Целта на проектот е да ја поддржи локалната самоуправа во процесот на обезбедување на можности за еднаков пристап до квалитетно основно образование за децата со посебни образовни погреби преку развивање на ефективни и инклузивни модели за поддршка преку:

– вклучување во концептот на инклузија во стратешките и акционите документи на општината и планирање на активности за поддршка на инклузијата на локално ниво,
– развивање на механизми и процедура за идентификација за вклучување на децата со надмината возраст во образовниот систем и
– промоција и примена на усвоената прилагодена наставна програма за деца кои не биле вклучени во образованието, кои се со надмината возрасна граница.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст